Како резултат на процесот на глобализација сите држави во светот се соочуваат со процес на издавање работна дозвола за странци, поради што е неопходно ваквата постапка да биде правно регулирана.

Вработувањето странци е постапка која се разликува од постапката за вработување македонски државјани, бидејќи покрај општите услови за вработување, странците треба да исполнат и дополнителни услови. Постапката за вработување странци е уредена со Законот за вработување и работа на странци. Согласно законот, за странец се смета секое лице кое не е државјанин на Република Македонија, како и лицата кои немаат државјанство на ниту една земја (апатриди).

За да може еден странец да се вработи на територијата на Република Македонија неопходно е да му биде издадена работна дозвола и да има регулиран престој во државата во согласност со Законот за странци.

Работна дозвола е документ врз основа на кој домашниот или странскиот работодавач склучува договор за вработување со странец. Работната дозвола за прво издавање е со рок од шест месеци, после првото продолжување се издава со рок од една година.

Надлежен орган за издавање и продолжување на работни дозволи е Агенцијата за вработување. Барање  за работна дозвола може да поднесе странец кој го има регулирано престојот во државата по друг основ. Барањето се поднесува во Агенцијата за вработување или пак во простор одреден од истата. Агенцијата е должна во рок од пет работни ден по поднесувањето на барањето да донесе решение. Со работната дозвола на странецот му е овозможен слободен пристап до пазарот на труд.  Доколку нема регулиран престој по друг основ сите документи се поднесуваат во МВР- одделение  за странци кои по службена должност ги препраќаат документите во АВРМ.

Странците кои сами изведуваат креативни услуги од областа на културата (изведувачи и креатори од областа на музиката, филмот, театарот, литературата и слично)  а кои не престојуваат во државата повеќе од седум дена, потребно е да добијат претходна согласност  од Министерството за култура, Министерството за економија, Агенција за млади и спорт или од единицата на локалната самоуправа на чија територија се одржува културниот настан, во завнисност од тоа каде ги даваат конкретните услуги. За овие услуги не е потребно добивање на работна дозвола, наместо тоа се врши регистрирација на краткотрајни услуги во Агенцијата за вработување.

Почетокот и престанокот на работата која ја вршат странци задолжително треба да се регистрира, а обврската за регистрирање е на работодавачот.

Странците кои престојуваат во Република Македонија заради студирање, можат да вршат краткорочни или помошни работи без дозвола за работа, доколку целокупниот период за вршење на такви работи не е повеќе од 10 работни часа во текот на една недела. Овие активности истотака подлежат на регистрација во Агенцијата за вработување.

За понатамошно читање Ви препорачуваме „Право на странци да стекнуваат сопственост“.

Aleksov

Author Aleksov

More posts by Aleksov