Естонија во 2014 година станала првата земја во светот која нуди можност за електронско државјанство (e-Residency) – дигитален идентитет со којшто може да се основа компанија во Естонија, која ќе биде комплетно менаџирана онлајн.

Зошто би станале е-државјанин на Естонија?

Повеќе категории на потенцијални претприемачи може да ги спојат своите интереси со приликата за станување е-државјанин на Естонија:

  • Необврзаност за престој на едно место и слобода за патување;
  • Новооснованата компанија или стартап ќе биде Европска компанија;
  • Процесите на плаќање ќе се извршуваат онлајн преку алатки како PayPal;
  • Нема потреба од ангажирање локални директори или менаџери;
  • Потпишувањето, заверувањето и испраќањето документи ќе се извршува електронски;
  • Плаќањето данок ќе се извршува онлајн;
  • Компанијата ќе биде дел од мрежа во која досега има е-државјани од повеќе од 165 земји, што претставува поволна средина за развој. Меѓу успешните досега реализирани приказни се наоѓаат стартапи од Бразил, Канада, Белика Британија, како и фирми на основачи од Турција, Украина, Јужна Африка, Германија и други.

Како се аплицира?

За почеток, потребни се копија од постоечкиот документ за лична идентификација, фотографија во пасош – димензии во електронска форма, мотивациско писмо и картичка за електронско плаќање преку која ќе се плати такса од 100 евра. За 6 до 8 недели се очекува одобрување и покана за подигање на e-Residency пакетот. Апликантот може да се избере локација за подигње на овој пакет од листата од локации кои се распоредени во 39 земји низ светот. Овој пакет ја содржи дигиталната ID картичка (e-Resident digi-ID), после чие активирање, новиот е-граѓанин може да ја почне постапката за основање компанија во Естонија.

E-residency kit

Што е дигиталната ID картичка?

E-Resident дигиталната ID картичка е електронска идентификација која овозможува пристап до електронскиот бизнис во Естонија. Важно е да се напомене дека оваа картичка не обезбедува државјанство, статус на даночен резидент, престој во Естонија или право за влез во Естонија или Европската Унија. Оваа картичка не е виза или дозвола за престој, ниту пак физичка идентификација или патна исправа, и на неа нема фотографија од е-граѓанинот. На почетокот на овој проект, временскиот интервал на валидност на дигиталната ID картичка бил 3 години, со можност за продолжување за плус 2 години. Ова важело заклучно со 30 април 2019 година. ID картичките издадени после 1 мај, важат 5 години. Постоечките е-граѓани треба да ги обноват своите картички до 1 ноември или порано, доколку им истекува рокот на важност.

Што е потребно за новата компанија?

Во процесот на отворање компанија како е-државјанин е вклучено обезбедувањето лице за контакт и постојана адреса во Естонија и избор на фирми за различни видови услуги кои и се потребни на фирмата: виртуелни канцеларии, бизнис консултации, правни консултации, финансиски услуги и слично. На официјалната страна може да се изберат даватели на овие услуги, како и сервиси за поттикнување на развојот на компанијата: продажба, маркетинг, човечки ресурси. За почетните и понатамошните трошоци на фирмата, како и за финансиските бенефити, може да се види на следното видео:

Gordana

Author Gordana

More posts by Gordana