36O° ЗА ИТ.

36O° ПРАВЕН СКРИНИНГ И АНАЛИЗА ЗА ИТ КОМПАНИИ.

 

 

Скрининг и анализа на компанијата од повеќе аспекти.

Зошто е потребен?

Пакетот е сеопфатен при што на компанијата ќе и донесе: поголема правна сигурност и заштита; поголема валуација во случај на продажба на удели, прибирање на нови инвестиции или продажба на компанијата; посигурна позиција во односите со клиентите.

АНАЛИЗА НА ПАКЕТИ

ЗАШТИТА НА КОМПАНИЈАТА - ИЗВЕШТАЈ ЗА „ДОБРО СТОЕЊЕ“ НА КОМПАНИЈАТА (Пакет 1)

  • Анализа на Договорот за основање или содружничкиот договор;
  • Историјат на промени во ЦРМ;
  • Вистински сопственици;
  • Евидентирани забрани за вршење на дејноста;
  • Забрани за учество во јавен повик, набавка;
  • Потврда за ликвидациона постапка;
  • Потврда за стечајна постапка;
  • Привремени или трајни забрани за вршење дејност;
  • Потврди од регистарот на залог, лизинг;
  • Уверение за платени даноци кон земјава;
  • Потврда за платени царински давачки.

ЗАШТИТА НА ВРАБОТЕНИТЕ - СКРИНИНГ НА УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, АНАЛИЗА, ПРЕПОРАКИ (Пакет 2)

  • Анализа со препораки на Договорот за вработување;
  • Анализа со препораки на Договори за ангажман (дело);
  • Содржина на работни досиеа:
    – Редовни здравствени прегледи;
    –  Доказ за обука од здравје и работа / ракување со ПП апарат;
    –  Годишна пресметка на плати;
    – Решенија за годишен одмор;
    – Изјава за заштита од вознемирување на работното место;
    – Изјава за заштита на лични податоци;
  • Состав или анализа со препораки за на Правилник за работен ред, дисциплина и начини на отказ;
  • Состав или анализа со препораки на Правилник за годишен одмор;

ЗАШТИТА НА КОД И ДЕЛОВНИ ТАЈНИ - ПРАВА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ И ДОВЕРЛИВОСТ (пакет 3)

  • Состав или анализа со препораки на Договори поврзани со авторско право на код или
    концепт
    – Пренос на сопственостите на изворен код;
    – Гаранции;
    – Употреба на „open source“ библиотеки.
  • Скрининг на заштитени трговски марки и препораки;
  • Состав или анализа со препораки на Договорите за доверливост (со трети страни);
    – Класификација на доверливи информации;
    – Начин на откривање на доверливи информации;
    – Третман и ниво на внимание.
  • Состав или анализа со препораки на Договори за трговска тајна (со вработени и ангажирани лица).

СИГУРНА ПОЗИЦИЈА СО КЛИЕНТИ - АНАЛИЗА СО ПРЕПОРАКИ ЗА ПРАВНА ДОКУМЕНТАЦИЈА СО КЛИЕНТИ (Пакет 4)

  • Таргети и фази на развој;
  • Начини на тестирање и плаќање на фази;
  • Гаранции;
  • Исклучување од одговорности;
  • Одржување и поддршка;
  • Начини на раскинување на Договор;
  • Решавање на спор и надлежен суд.
    *Анализа со препораки на Договор за развој на софтвер:
    *Анализа со препораки на анекси и прилози кон правна документација со клиенти.

 

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ - СКРИНИНГ НА УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (пакет 5)

  • Скрининг на усвоени Правила за безбедност;
  • Технички и организациски мерка за тајност и заштита;
  • Скрининг на Политики за приватност;
  • Скрининг на Правила во случај на инцидент и начини на пријава;
  • Check list – на збирки на лични податоци и нивен тек;
  • Скрининг на обврски на офицерот;
  • Скрининг на Политики на колачиња;
  • Видео надзор, цели, правилник.

OUTPUT / РЕЗУЛТАТ ОД ПРОЦЕСОТ

1

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ДОВЕРЛИВ КАРАКТЕР

Наменет за идни и потенцијални инвеститори; продажби на удели, спојување, аквизиции и сл., валуација на компанијата.
2

СКРАТЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Наменет за информирање на клиенти и маркетинг.
3

АЖУРИРАНА ПРАВНА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ДОГОВОРИ

Наменети за поголема правна сигурност на компанијата.
4

ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ПОТВРДИ

Наменети за докажување на добро стоење на компанијата, учество во јавни повици, тендери, потенцијални клиенти.

Побарај понуда за цел процес.

Испрати барање

Побарај понуда за специфичен пакет.

Испрати барање

ТИМ И ОДГОВОРНОСТИ

6 години активно работиме во областите на правото на трговските друштва. Нашите клиенти се компании кои работат на полиња на развој на софтвер, иновирање, дигитализација, маркетинг и дизајн. Работејќи на различни предизвици, сфативме дека е потребно да создадеме сеопфатна анализа која ќе ги заштити нашите клиенти во најважните аспекти на работењето, а истовремено ќе носи повеќе вредности.

КОНТАКТ

Моб. : +389/ 78-201 589
Website : www.aleksov-memishi.mk
Адреса : ул. Јордан Мијалков бр. 30 /1 Скопје Центар
Адвокат Дејан Алексов, одговорен за IP права и доверливост.
Консултант Гордана Николовска, одговорна за „Добро стоење“ на компанија.
Адвокатски соработник Кристијан Стевчев, одговорен за лични податоци и клиенти.
Адвокат Артан Мемиши, одговорен за работни односи.