

Трговските Друштва имаат проблеми со наплата на побарувањата. Ненавремено исполнување на паричните обврски, доведува до проблеми со ликвидностa. Согласно Законот, важно е редовно исполнување на обврските.
Oсновањето на Трговски друштва, промените и ликвидацијата ја вршат адвокати – овластени регистрациони агенти на Централен Регистар. Согласно закон основањето се врши за 24 часа.
Технички и организациски мерки за заштита на личните податоци е задолжение за Трговските Друштва кои обработуваат збирки на лични податоци. Потребно е да се донесат и имплементираат Правилници за заштита.
Договорите се најголемиот предизвик во правото. При нивно составување мора да се внимава подеднакво на интересите на сите Договорни страни. Во нив се утврдуваат правата и обврските, времетраењето, начинот на раскинување итн.
Правна ревизија се извршува во повеќе случаи. Тоа е процес на разбирање и оценување на сите правни ризици поврзани со промените во Трговското Друштво како: присоединување, поделба и влегување на нови содружници.
Судот расправа и одлучува за повеќе видови на постапки како: спорови за основните права и обврски на човекот и граѓанинот, за лични и семејни односи, (работни, трговски, имотни и други граѓанско-правни спорови) и кривични постапки.
Сеопфатна анализа и скрининг на компанијата ќе и донесе: поголема правна сигурност и заштита; поголема валуација во случај на продажба на удели, прибирање на нови инвестиции или продажба на компанијата; посигурна позиција во односите со клиентите.
Адвокат Дејан Алексов е овластен регистрационен агент на Централниот Регистар на РМ, со што се овозможува обезбедување на правни услуги како основање, промени, ликвидација на Друштва и останати постапки пред ЦРРМ. Адвокатска канцеларија Алексов, специјализира во областите на трговското и деловното право и работи со голем број на млади компании, обезбедувајќи професионални услуги за своите клиенти и во останатите области како изготвување на Договори, Правна Ревизија, Заштита на личните податоци и Застапување пред судовите на РМ.
Адвокат
Артан Мемиши – адвокат во адвокатска канцеларија Алексов, со професионален фокус во областите на трговското и деловното право, особено во делот на основање и вршење на промени во трговските друштва, состав на договори на македонски и англиски јазик и соработка со млади компании, односно „стартапи“.
Соработник
Кристијан Стевчев е соработник за корпоративно и трговско право, со посебен фокус на склучување договори, статути, правилници и правни конфликти кои произлегуваат од овие односи.
Соработник за информативни содржини
Гордана Николовска е соработник за информативни содржини во Адвокатска канцеларија Алексов, уредувач на информативниот блог од областа на стартап компаниите и регулативи поврзани со нив во земјата и ширум светот. Активно ја истражува поврзаноста на математиката и компјутерската наука со правото, со цел да се следат новите трендови и придобивките од нив, како и да се анализираат фундаменталните вредности кои се во темелот на науката за правото.
Телефон:
+389 78 201 589
Email адреса:
advokat@aleksov.mk artan@aleksov.mk
gordana@aleksov.mk kristijan@aleksov.mk
Локација:
Центар, Скопје, Република Северна Македонија
ул. Јордан Мијалков 30 стан 1